Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Во посета на Осоговскиот манастир (17.06.2009)

На 15.06.2009 година, ден кога започнува Петровденскиот пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил престојуваше во Советот на Општината Крива Паланка на презентација на Проектот „Да го допреме срцето на Осогово“ како и на отвoрање на Општинскиот Услужен Центар. Заедно со присутните гости меѓу кои: Специјалниот претставник на ЕУ во Македонија и Шеф на делегација г. Ерван Фуере, г. Атанас Јанев, градоначалник на опшина Дупница од соседна Бугарија, како и градоначалникот на општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски, се упатија во најубавиот бисер на Осоговието, манастирот на свeти Јоаким Осоговски Чудотворец. Во манастирот гостите се запознаа и со работата на учесниците на Колонијата на копаничари која оваа година се одржува по 16 пат од 12 до 20 јуни.

 

          

 

         

 

Известува: о. Александар