Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат книгата „Толкување на посланијата на апостол Павле до Галатјаните и до Солунјаните“ (28.04.2009)

Оваа година со благослов на Митрополитот Европски Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, Европската епархија на Македонската Православна Црква во пресрет на Христовото Воскресение издаде книга од областа на православната егзегеза, односно толкување на дел од новозаветните книги од проф. м-р Момчило Павловиќ, со наслов „Толкување на посланијата на апостол Павле до Галатјаните и до Солунјаните". Во книгата се објаснети суштинските совети на апостолот по прашањето на моралното, религиозното, верското и црковното живеење на секој човек, а особено на нас православните христијани.

 

Преземено од Преминпортал