Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Малме (05.01.2009)

На ден 05.01.2009 година, кога Светата Црква го одбележува празникот на преподобен Наум Охридски, а повод храмовиот празник на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, Шведска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г Пимен, во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, во соборниот храм  во Малме, посветен на Свети Наум отслужи Света Архиерејска Литургија на која верниот народ се причести. Потоа изврши Водосвет и ги благослови и пресече празничните лебови. На крајот произнесе и празнично слово, во кое говореше за Светителот кој што го празнуваме. Исто така ги повика верниците во престојните денови кога Светата Црква го прославува Рождество Христово сите ние заеднички молитвено да го прославиме.

 

 

          

 

          

 

Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски