Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Во Воронеж (Русија) се изготвуваат камбани за македонски манастир (18.12.2008)

Воронешкиот завод за изработка на камбани „Вера“ изготвува камбани за камбанаријата на манастирот на Свети Јован Крстител – Бигорски во Македонија, соопшти во среда заменик-директорката на заводот Марина Анисимова.

За нив ќе бидат изработени десет камбани, од најголемите – со тежина од по 500 килограми.

На есен оваа година со претставниците на заводот се поврзаа американски спонзори на обителта, а во декември заводот склучил и договор со нив, а сумата, на молба на купувачот, не е објавена во јавноста.

Сите камбани ќе бидат украсени со орнаменти според дизајнот на македонските уметници. Нарачателот ќе ги добие камбаните во февруари наредната година.

Заводот за изработка на камбани „Вера“ работи од крајот на 1980 година. За време на своето постоење има направено околу 17 илјади камбани, кои освен во Русија, храмовите во САД, Јапонија, ги има и во европските земји. Една од многуте изработки на воронешките специјалисти се и точната копија на камбаните од московската камбанарија на Свето-Даниловиот манастир, изготвени за Хардвардскиот универзитет во САД.

Извор: Патриархиа.ру