Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свеченост по повод 35 години од Црковната општина во Малме (22.10.2008)

Црковниот Управен Одбор на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, во чест на големите јубилеји, петгодини од поставувањето на камен-темелникот за градење на нова македонска православна црква во Малме – Шведска, триесет и пет години од формирањето на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме и педест години од возообновувањето на славната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, организира свечена прослава на ден 18.10.2008 година.

На прославата покрај големиот број на верници присуствуваа: Митрополитот Европски г. Пимен, г. Салим Керими, вршител на работите во Амбасада на Репулика Македонија во Копенхаген – Данска и г. Даме Дамевски економски промотор од Република Македонија за Данска и Норвешка.

Гостите имаа и свое обраќање до присутните.

Во името на УО за значението на јубилеите говореше протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, парохоски свештеник во ЦО.

 

       

 

                                              

 

         

Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски