Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен новоизградениот храм во Горобинци – Свети Николе (22.10.2008)

На 19. 10. 2008 година, во 17-та Недела по Педесетница – Св. апостол Тома, Поглаварот на Македонската Православна Црква Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Надлежниот Епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, го изврши чинот осветување на новоизградениот храм во с. Горобинци – Свети Николе, посветен на Светото Вознесение Христово.

По осветувањето беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која ерејот Киро Давчев од Свети Николе, старешина на ново-осветениот храм, беше произведен во протоерејски чин.

По Светата Архиерејска Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот  Охридски и Македонски г. г. Стефан одража пригодно слово во кое, како тогашен Митрополит Брегалнички, се присети на тогашните почетоци за изградбата на овој Свет храм.

По оваа прекрасна духовна проповед, Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Неговото Блаженство г.г. Стефан за Неговото присуство и Чиноначалствување, а воедно се заблагодари на сите дарители кој ја помогнаа изградбата на овој Свет храм како и на еден од поголемите дарители г. Ванчо Симонов со неговото семејство.

На крајот, во кругот на црквата, за сите присутни беше организирана заедничка трпеза на љубовта.

 

              

 

               

 

              

 

              

 

                 

 

                 

 

                                    

 

                 

 

                

 

 

Известува: ѓакон Саше Ристов