Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Охрид (30.09.2008)

На денот кога Православната Црквата го празнува споменот на светите маченици Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, во катедралната црква на охридските архиепископи Света Софија, во присуство на значително голем број на верници, Митрополитот Дебарско-кичевски и плаошко-струшки г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од охридското архиерејско намесништо, отслужи Архиерејска Божествена Литургија.