Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување камен-темелник на нов параклис во манастирот на свети Наум Охридски во Охрид (30.09.2008)

На 29.09.2008 година, Митрополитот Дебарско-кичевски и плаошко-струшки г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот свети Наум, како и повеќемина свештеници од охридското и струшкото архиерејско намесништво, во истоимениот манастир, освети камен-темелник на нов параклис посветен на преподобна маченица Параскева – Римјанка (св. Петка).