Рождество на Пресвета Богородица (21.09.2008)

На 20 септември во вечерните часови, во манстирска црква, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Илија Димитриески, протојереј Војне Ристески, свештеник Ристо Камбуроски, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, отслужи Вечерна богослужба. Бидејќи на овој ден се прославува и манастирската слава, црквата беше преполнета со верници, а реката народ не престануваше и после полноќните часови. На Вечерната богослужба Владиката г. Тимотеј после благословувањето на петтолебието, со слово се обрати кон верниот народ, а потоа пред чудотворната икона на Пресвета Богородица се прочита и нејзиниот рождественски акатист.
Утредента, во преполнетата манастирска црква, Митрополитот г. Тимотеј заедно со свештенослужителите отслужи света Литургија.
После произнесеното празнично слово, Владиката, свештенослужителите и верниот народ излегоа во манастирскиот двор, каде што се благословија и прекршија празничните лебови, а се изврши и мал Водосвет.





