Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новото издание на православното списание „Премин“ (22.09.2008)

Светлината на светот

 

Богородица е заедница помеѓу Бог и Човек.

Раѓајќи Го Бог, го раѓа Човекот.

Во светлината на Нејзината чистота се содржи тајната на љубовта заради која Бог го создал светот.

Во убавината на Нејзината личност е содржана причината заради која Бог Го даде Својот Единороден Син за спасението на светот.

На Богородица се чекаше илјадници години, за да дојде и да го покрие светот со тишината на Својата молитва и љубов кон Небесниот Отец.

Светлина од Која се роди Светлина за да му го покаже патот на човештвото. Љубов заради љубовта и заради Оној Кој Е.

Нема зборови и нема ум за да се изрази величенственоста на Онаа што стана почесна од херувимите и пославна од серафимите. Онаа што со еден двиг на срцето Му одговори на Бог: „Да, Господи, нека биде волјата Твоја!“

Затоа Нејзината душа е поширока од небесата, а нејзината пречиста утроба Светиња над светињите.

Дар што светот и човештвото Му го принесуваат на Бог, како што вели божикната молитва: небото Ти принесе ѕвезда; ангелите – песна; мудреците – дарови; пастирите – радоста своја; земјата – пештера; пустината – јасли... Ние луѓето – Мајката Дева...

 

Заради молитвите на Твојата Пресвета Мајка и Секогашдева Марија,

Господи Исусе Христе, помилуј нè! 

 

сестра Макрина

 

 

Содржината на овој број на списанието „Премин“ e:

 

Содржина:

 

1. Уводник

2. За Пресвета Богородица

3. Пресвета Богородица во Црквата / ава Јустин Ќелиски

4. Репортажа: Манастир Горњак

5. Ни Јас не ви кажувам… / Митрополит Струмички Наум

6. За Исусовата молитва / Свети Теофан Затворник

7. Старец Харалампиј Дионисијатски / Писмо до духовното чедо

8. Светоотечка ризница

9. Премин Галерија

10. Зборник на текстови „Црквата и медицината“

11. За мозаикот, или: во делот да се созерца целината / Венко Андоновски

12. Романското влијание во македонското црковно пеење / д-р Јане Коџабашија

13. Возобновени храмови / Јанко Илковски

14. Горан Величковски

15. Вулгаризација на тема веронаука / д-р Драган Михајловиќ

16. Вести од православниот свет

17. Празници на Пресвета Богородица

 

Списанието „Премин“ во овој број подарува CD од фестивалот по источно црковно-пеење „Денови на Јустинијан Први 2008“, избор од завршниот концерт, во продукција на ПРЕМИНПОРТАЛ (www.preminportal.com.mk).