Семинар во Дебарско-кичевската епархија (08.09.2008)

На 08.09.2008 година во манстирот посветен на Пресвета Богородица во с. Манастирец – Македонски Брод, по отслужената Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит г. Тимотеј, се одржа научен семинар на кој учествуваа поголемиот број свештенослужители од Дебарско-кичевска епархија. На семинарот предавање одржа протојереј Ацо Гиревски, Декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, на тема: „Дрога, алкохол, цигари“.

