Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид (28.08.2008)

Успението на Пресвета Богородица, кое Православната Црква го слави на 28 август, во Дебарско-кичевска епархија, централно се одбележа со света архиерејска Литургија во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица – Каменско во Охрид. Со светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, а во сослужение на повеќе свештенослужители од охридското архиерејско намесништво. Кон присутниот многуброен верен народ, кој на Литургијата се причести со Телото и Крвта Христови, Владиката се обрати со празнично слово. По завршувањето на Литургијата, во дворот на храмот се изврши осветување и прекршување на празничните лебови, а веднаш после тоа се изврши мал Водосвет.