Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на свети Георгиј во Кнежино (06.08.2008)

По повод големиот национален и верски празник Илинден, во манастирот посветен на свети Георгиј Победоносец во с. Кнежино – Кичевско, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандритот Нектариј, протојереј-ставрофор Ѓорѓија Лапоски, свештеникот Зоран Данев, свештеникот Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Божествената Литургија беше прочитано и Илинденското послание на Архиепископот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство г.г. Стефан. По отслужената Света Литургија, во храмот се освети и прекрши празничниот леб, а се изврши и мал Водосвет.

 

 

                                           

 

                   

 

                  

 

                

Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски