Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на делегација од Пакистан (19.07.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, на 17.07.2008 г.,  во Светата Митрополија во Битола, ја прими во пријателска посета високата делегација од пакистанскиот народ Хунзи. Делегацијата ја предводеше принцот Мир Газанфер Али Кан, придружуван од принцезата Рани Атика, историчарот Амџат Алјуп и претставникот на културниот центар од Хунза Ирфан Карим,најавени како потомци на Александар Македонски. Високата делегација придружувана од Митрополитот г. Петар и протоерејот ставрофор о. Никола Грамбозов, беа примени од градоначалникот на град Битола, г. Владимир Талевски.  Духовниот татко на град Битола заедно со градоначалникот на Битола, на гостите од Пакистан им ги покажаа убавините на Битола, како стариот но сеуште атрактивен и таинствен локалитет Хераклеа Линка, така и единствениот балкански Широк Сокак, накитен со уникатни архитектури, атрактивни дуќанчиња, низа канделабри и најљубопитни погледи на случајните минувачи. Пријателската посета продлжи во градот Прилеп, каде што високата делегација беше пречекана од градоначалникот на градот,  г. Маријан Ристески, кој исто така на гостите од Пакистан, им ги покажа и долови убавините на Прилеп.

 

       

 

        

 

         

 

         

 

         

 

         

 

         

 

         

 

          

 

                            

 

 

Известува: Весна Апостоловска