Божествена Литургија во Охрид (14.07.2008)

На 14 јули 2008 година, на денот кога светата Црква го празнува споменот на светите врачи (лекари), бесребреници Кузман и Дамјан, во црквата која го носи името на овие светители во Охрид, во присуство на мноштво верен народ, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј во сослужение на: протојереј Ефтим Бетински, свештеник Димче Ѓорѓиески, свештеник Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски.
По отслужената Света Литургија, во дворот на храмот се освети и прекрши празничниот леб, а се изврши и мал Водосвет.



Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски