Павловден (13.07.2008)

На 13.07.2008 година (недела) на празникот Собор на 12 апостоли – Павловден, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со архимандритот Нектариj Најсоски (игумен на манастирот нa свети Наум Охридски), свештениците Душан Јорданоски и Игор Никовски, ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурчиноски, ја освети новоизградената црква на Вознесение Христово во селото Годивје, охридско.
Ктитор на црквата е Даме Ристески, изведувач е претпријатието „Митан – пром” од Охрид, проектант е Тања Паскали Бунташеска, а црквата е живописана од Тони и Васе Чуркоски од Струга.
Со благослов од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архиерејскиот намесник на Охрид протоереј-ставрофор Ефтим Бетински го освети камен-темелникот за изградба на новата црква на светите Петар и Павле во село Велгошти, Охрид.


Павел Крцски, референт во Дебарско-кичевска епархија