Петровден во Кичево (12.07.2008)

На 12 јули, кога Православна Црква го празнува споменот на светите апостоли Петар и Павел, во црквата на истоимените апостоли во Кичево, во присуство на многуброен верен народ, се отслужи Божествена Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот на свети Наум во Охрид, свештениците протојереј Војне Ристески и свештеник Стевче Тошески, од кичевското архиерејско намесништво како и свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевска епархија и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, референти во Дебарско-кичевска епархија.
По отслужената Божествена Литургија, во дворот на црквата, се освети и прекрши празничниот леб и се изврши мал водосвет, а веднаш после тоа владиката изврши крштевање на две мали деца.



Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски