Поставување на камен-темелник за нов конак во манастирот во Манастирец (Македонски Брод) (06.07.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, денес на 6 јули 2008 година, кога Православната Црква ја прославува светата маченица Агрипина, во манастирот на Пресвета Богородица во с. Манастирец – Македонски Брод, изврши осветување на камен-темелник за нов конак при манастирот, во сослужение на архимандрит Нектариј и свештеник Игор Никовски.
Конакот ќе се гради со заложбите на старешината на манастирот монахот Бенедикт, а со доброволни даренија на верници, стопанственици и донации на фирми од Р. Македонија.
По завршувањето на осветувањето на камен-темелникот, Владиката со свештенослужителите продолжија кон Бигорскиот манастир за вечерашното бдение по повод манастирскиот празник Иванден – Раѓање на свети Јован Крстител.


Известува: Свештеник Игор Никовски