Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на новоизграден крст во близина на Куманово (19.06.2008)

На 17 километри јужно од Куманово во с. Косматац на 16.06.2008 година на самиот празник Духовден - втор ден, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил освети новоизграден  крст. Ктитор на новоизградениот крст е Чедо Ангеловски од с. Косматац со неговото благочестиво семејство. И во оваа прилика Митрополитот г. Кирил посочи што повеќе да градиме а не да разградуваме; да ја разубавуваме Македонија, та здружени, збратимени, преку преточување во дело на пораките на нашата родна Мајка Светиклиментова Црква, родна и мила Македонија да ја претвориме во цветна рајска градина. А преку нејзините мајчински духовни пораки да веруваме силно преку светоста на Црквата и да го сочуваме суверенитетот и интегритетот на нашата родна и мила Македонија. Нека ни е од Бога благословено и вековито ова грандиозно создадено дело - Милениумски крст, а заедно со него да векуваме и сите ние. Да се собираме вака бројно, само за убаво, за радост, за веселби. Амин.   

 

                                        

 

               

 

Известува: о. Жико Тодоровски