Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вознесение Христово (06.06.2008)

На 5 јуни 2008 лето Господово, на празникот Вознесение Христово - Спасовден надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители освети новоизграден православен храм на Вознесение Христово во с. Мрсевци скопско во близина на единствената македонска лавра на свети Георгиј с. Дељадровци. Новоосветениот храм бил започнат со изградба точно пред една деценија, а сега православните верници од ова село за прв пат се здобија со свет храм. Честитајќи им го новото светилиште Митрополитот Кирил на верниците од ова село им посака добро здравје, мир и во него да се собираат за што повеќе крштевки и венчавки.

 

             

 

            

 

Известува: о. Жико Тодоровски