Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Музичко CD и книга „Статии на Велик Петок“ (18.04.2008)

На 17.04.2008 година, во издание на Американско-канадската и Европската епархија на Македонската Православна Црква излезе од печат книга „Статии на Велик Петок“ со музичко CD. Препевот од црквено-словенски јазик, преломот и дизајнот се дело на Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, a музичката изведбa e на протопсалтот Гоце Секулоски и хорот „Јустинијана Прима“ од Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во населба Драчево во Скопје.