Распоред на богослужбите за велигденските празници за 2008 година (18.04.2008)
21.04.2008 – ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК НАУТРО: Утрена, часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица” – Каменско, со почеток во 7 часот. ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на Женихот”, едноцрквие во црквата „Света Богородица” – Каменско, со почеток во 17 часот. 22.04.2008 – ВЕЛИКИ ВТОРНИК НАУТРО: Утрена, часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица” – Каменско, со почеток во 7 часот. ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на Женихот”, едноцрквие во црквата „Света Богородица” – Каменско, со почеток во 17 часот. 23.04.2008 – ВЕЛИКА СРЕДА НАУТРО: Утрена, часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица” – Каменско, со почеток во 7 ч. ВЕЧЕРТА: Мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот. 24.04.2008 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК НАУТРО: Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ ма-слосвет, во црквата „Свети Ѓорѓи” – Охрид, со почеток во 7 часот, а богослужби Ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот. 25.04.2008 – ВЕЛИКИ ПЕТОК НАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот. Митрополитот г. Тимотеј Ќе богослужи во црквата „Света Богородица” – Каменско. ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа”, почеток во 19 часот. Митрополитот г. Тимотеј Ќе богослужи во црквата „Света Богородица” – Перивлепта, Варош. 26.04.2008 – ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО) Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч Митрополитот г. Тимотеј Ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон” – Плаошник, со почеток во 23.30 часот. 8.04.2007 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богородица” – Каменско, со почеток во 8.00 часот. 27.04.2008 – ВЕЛИГДЕН Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца со почеток во 17 ч. Вечерна Архиерејска богослужба во црквата „Св. Софија”– Охрид. 28.04.2008 – II ДЕН ВЕЛИГДЕН Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со почеток во 7 ч. Архиерејска литургија во црквата „Св. Петар и Павле” – Кичево. 29.04.2008 – III ДЕН ВЕЛИГДЕН Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со почеток во 7 ч. Владиката Тимотеј ќе изврши осветување на нова црква во Македонски Брод. За Варош, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан”. 1.05.2008 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован” – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 7.30 часот. 2.05.2008 – ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА Света Архиерејска литургија во црквата „Света Богородица” – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 7.30 часот. 4.05.2008 – ТОМИНА НЕДЕЛА Света Архиерејска литургија во црквата „Свети Никола” Долна Маала – Охрид, со почеток во 8.30 часот. КАНЦЕЛАРИЈА НА ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА ОХРИД