Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на Православието (17.03.2008)

Во Неделата на Православието Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво отслужи Света Василиева Литургија, во црквата на свети Никола – Геракомија во Охрид.

На Светата Литургија на многубројниот верен народ со пригодна беседа се обрати Владиката Тимотеј, говорејќи за овој празник и за христијанските добродетели. Потоа Владиката ги причести верниците, кои во поголем број подготвени пристапија кон Светиот Путир.

 

            

 

           

 

   

Известува: о. Игор Никовски