Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во црквата „Света Богородица – Каменско“ – Охрид, по повод празникот Прочка (10.03.2008)

Проштевајте и ќе ви биде простено! (Лк.6, 37)

 

            Подготвувајќи нè за радосниот четириесетдневен пост, Православната црква го определила празникот Прочка, за, меѓусебно простувајќи си, да се ослободиме од товарот на гревот, лутината и омразата и така олеснети да можеме полесно да се движиме низ овие свети и спасоносни денови. По повод овој празник се одржа празнична вечерна богослужба во црквата „Света Богородица – Каменско“ – Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреподобие, архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“ во сослужение на повеќемина свештенослужители од епархијата. На вечерната богослужба присуствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, свештенството при Дебарско-кичевската епархија како и многуброен верен народ, соборно молејќи и просејќи од Бога телесни и духовни сили за претстојниот подвиг на постот.

            После вечерната богослужба, беседа одржа свештеникот Љупчо Симиџиоски, старешина на црквата „Света Богородица – Каменско“, во која словеше за суштината и значењето на великата Четириесетница.

            На крајот, свештенството и верниот народ пристапија кон Пастироначалникот, владиката Тимотеј, просејќи прошка и благослов за претстојните спасоносни денови на великата Четириесетница.

            По повод Првата недела на Великиот Пост, во Дебарско-кичевската епархија се служат редовни утрени и вечерни богослужби, со почеток во 07 и 16 часот, во црквата „Света Богородица – Каменско“ според следниов распоред:

 

10.03.2008 г. – Понеделник во 7 ч. – утрена со часови и вечерна

- вечерта во 16 ч. – големо повечерие  со канононот на св. Андреј Критски

Богослужи: Свештеник Сашо Богдановски

На певница: Свештеник Атанас Казанџиски и

Свештеник Кирил Јованоски

 

11.03.2008 г. – Вторник во 7 ч. – утрена со часови и вечерна

- вечерта во 16 ч. – големо повечерие  со канононот на св. Андреј Критски

Богослужи: Свештеник Никола Кипријанов

На певница: Свештеник Љупчо Симиџиоски и

Свештеник Никола Христоски

 

12.03.2008 г. – Среда во 7 ч. – утрена со часови и

архиерејска преждеосвештена литургија;

- вечерта во 16 ч. – големо повечерие со канонот на св. Андреј Критски

Богослужат: Митрополит Тимотеј

Архимандрит Нектариј

Свештеник Љупчо Симиџиоски и

ѓакон Димче Азески

На певница: Протоереј-ставроофр Ефтим Бетински и

Свештеник Игор Никовски

 

13.03.2008 г. – Четврток во 7 ч. – утрена со часови и вечерна

- вечерта во 16 ч. – големо повечерие  со канононот на св. Андреј Критски

            Богослужи: Свештеник Ромео Петрески

            На певница: Свештеник Сашо Богдановски и

            Свештеник Сашо Ристески

 

14.03.2008 г. – Петок – утрена со часови и преждеосветена литургија

- вечерта во 16 ч. – мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица

Во петок богослужби Ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј Ќе богослужи во црквата „Света Богородица” – Каменско, Охрид, на првиот акатист од Велигденскиот пост.