Состанок на Епархискиот Управен Одбор на Дебарско-кичевска епархија (26.02.2008)

На 23. 02. 2008 год. во просториите на манастирот свети Наум во Охрид беше одржан состанок на Епархискиот Управен Одбор на Дебарско-кичевска епархија со кој што претседателствуваше митрополитот Тимотеј. На состанокот беше разгледана завршната сметка за 2007 год. и се одобри предлог буџет за 2008 година, кој беше едногласно усвоен од членовите на одборот.