Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Монтреал (04.02.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј на празникот посветен на Св. Атанасиј Велики беше во посета на  црковна општина во формирање од Монтреал, Квебек, која го има Свети Атанасиј Велики за свој патрон.

За време на посетата, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј отслужи Архиерејска Божествена Литургија во сослужение на aрхиерејскиот намесник за канадското намесништво протоереј-ставрофор Трајко Босеовски и ѓакон Стеван Барјактаров. Светата Божествена Литургија беше отслужена во изнајмен римокатолички  храм кој го користи  Бугарската Православна Црква.

Неговото Високопреосвештенство г. Методиј имаше средба со членовите на иницијативниот одбор и верниците при што беше информиран за настаните во периодот што претстои. Тој ги охрабри во намерата за изградба на храм и ја потенцираше потребата за  постоење на истиот.

 

                

 

               

 

               

Известува: Ѓакон Стеван Барјактаров