Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Мичиген (21.01.2008)

На празникот на Богојавление и на Соборот на свети Јован Крстител во црквата Раѓање на Пресвета Богородица во Стерлинг Хајс Мичиген беше отслужена Света Божествена Архиерејска Литургија од надлежниот Митрополит Американско-канадски г. Методиј. Пред многубројниот народ, Неговото Високопреосвестенство Митрополитот г. Методиј се обрати со прекрасни беседи,толкувајќи го Светото Евангелие и даде прекрасно објаснение за празниците кои ние како народ надвор од нашата држава ги прославуваме и ги почитуваме. По Светата Литургија како по обичај се изврши чинот голем Водосвет.