Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Гетеборг (19.01.2008)

По повод чествувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици, надлежниот архиереј на Европската епархија г. Пимен, во сослужение на парохискиот свештеник Ефтин Велкоски и отец Горан, гостин од Преспанско-пелагониската епархија во црквата посветена на светите Кирил и Методиј во Гетеборг - Кралството Шведска, отслужи Архиерејска Литургија. По завршувањето на Светата Литургија многубројниот верен народ со литија се упати кон блиското езеро Берсје, каде после благословувањето на езерските води се изврши традиционалното фрлање на крстот. Од тројцата пријавени кандидати Јанчич Сретен, Јолевски Роберт  и Дамјановски Раде, најсреќен беше првиот, кој го извади крстот од осветените езерски води.