Сеноќно бдение во манастирот Бигорски (18.01.2008)
“Христос се крштева и излегува од водата зашто со Себе го изведува светот и гледа на отворените небеса кои Адам ги затвори за себе и за сите по него” “Многувековната традиција на нашите претци за осветување на крстот ја потврдува силната вера во Крстот Господов и нивната надеж во Воскресението Христово. Силната вера во Спасителот ја одржала оваа традиција кај верниците и кумовите од блиските села да доаѓаат токму на овој ден, во навечерието на празникот Богојавление за да ги земат осветените крстови и со огнот на верата од светата богојавленска вода да однесат мир, љубов и радост во своите домови. Како нив, и ние денес, да ја чувствуваме силата на Крстот Господов, Кој секогаш високо воздигнат победувал низ историјата на нашиот народ.” Со овие зборови и со голем благослов архимандрит Партениј го одбележа почетокот на бдението и ги повика верниците да размислуваат за Крштението Христово, а срцата на верните се исполнија со голема духовна радост кои благодарејќи Му на Бога притекнаа да се помолат токму во храмот посветен на Претечата Господов. На Светата Василиева Литургија чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Тимотеј во сослужение на игуменот, архимандрит Партениј и јеромонасите на Бигорската обител. На крајот од Литургијата беше извршен мал Водосвет на кој се осветија претходно подготвените крстови на кумовите. На Светата Василиева Литургија чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Тимотеј во сослужение на игуменот, архимандрит Партениј и јеромонасите на Бигорската обител. На крајот од Литургијата беше извршен мал Водосвет на кој се осветија претходно подготвените крстови на кумовите.







Известуваaт: сестрите од манастирот во Рајчица