Бдение на празникот на Рождеството Христово (10.01.2008)

Во пресрет на Божикната радост и Христовото Рождество, на целовечерно бдение во Бигорскиот манастир притекна мноштво народ. Бдението започна со Канон кон Рождеството Христово и пречек на игуменот Партениј, кој на собраните верници во храмот им се обрати со пригодна беседа во која ја искажа радоста поради настанот на Христовото раѓање како и за собирот на толку верни притекнати со едномислие и голема вера. На деветчасовното бдение се отслужи Вечерна богослужба, Велико повечерие, свечена Утрена богослужба на која на хвалитните и на Великото славословие беа изнесени моштите на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан и на светиoт Агатангел Битолски во нови, особено убави, украсени кивоти во вид на цркви, како и моштите на светиот Георгиј Победоносец. Верните им се поклонија на светите мошти, а игуменот Партениј ги помаза со масло од чудотворната икона. После отслужувањето на Василиевата Литургија, на која скоро сите верни се причестија, беше послужена скромна трпеза на љубовта. Игуменот Партениј подели околу 150 пакетчиња на децата што дојдоа во манастирот на овој празник.



Известува: јеромонах Доситеј, Бигорски манастир