Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Малме (09.01.2008)

Денес 09.01.2008 година, кога Светата Црква го прославува Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, отслужи Света Литургија во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски во Малме, Шведска. На крајот од Светат Литургија Митрополитот г. Пимен произнесе празнично слово по повод празникот и им го честита имениот ден и славата на сите оние кои го слават овој празник.

 

 

По повод Божикните празници и Новата 2008 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен прими голем број на честитки. Не можејќи на сите поединечно да им одговори, ја користи можноста и на овој начин да им се заблагодари на сите честитајќи го Рождеството Христово – Божик и новото лето Господово, поздравувајќи ги со Божикниот поздрав!

 

Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И!