Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение (01.01.2008)

На денот на светиот Бонифациј, во манастирот на Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, се отслужи сеноќно бдение. На бдението присуствуваше и Митрополитот г. Петар Преспанско-пелагониски кој чиноначалствуваше со Светата Литургија. Служеше и ресенското свештенство, а на певницата беше протопсалтот Георгиј Секулоски, заедно со учениците од Македонската Православна Богословија.

Митрополитот г. Петар во својата беседа поговори за страдањето во светот, напоменувајќи ги тешките страдања на свети Бонифациј и на безбројните Христови маченици, за мачеништвото во современиот свет и како ние сме сведоци (маченик на грчки: мартир – сведок) за Христовата вера. Во овој свет искушенијата се на полза на човекот, знак дека Бог нè посетува.