Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Торонто (09.12.2007)

На 08.12.07, на денот кога Македонската Православна Црква го празнува празникот на свети Климент Охридски Чудотворец, во Торонто, во храмот што го носи името на патронот на МПЦ, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј отслужи Архиерјска Божествена Литургија во сослужение на свештенослужители од канадското намесништво. Митрополит Методиј се обрати кон народот со пригодно слово и го честита патрониот празник на верниците.

 

         

 

По повод празникот беше организиран свечен банкет на кој покрај големиот број Македонци, присуствуваа и претставници на дипломатско-конзуларните институции на Р. Македонија од Отава и Торонто. Пред почетокот на прославата беше пресечен славски колач и беа избрани нови кумови.

 

Утредента, по повод празникот на свети Алимпиј Столпник, во истиот храм, беше отслужена Архиерјска Божествена Литургија.

 

         

 

         

Известува: ѓакон Стеван Барјактаров