Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Копенхаген (09.12.2007)

На 08.12.2007 година, кога Светата Македонска Православна Црква го одбележува споменот на својот патрон свети Климент Охридски Чудотворец, Митрополитот европски г. Пимен во сослужение на протоереј-ставрофор Блажо
Кожарски отслужи Вечерна богослужба во МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Копенхаген, Данска. Црковната општина го прослави својот храмов празник. Честитајќи им го патрониот празник на верниот народ од оваа црковна општина, Митрополитот говореше и за заслугите на овој голем Светител за Православната Црква и словенската писменост. Воедно им ги пренесе и новостите околу овогодишната прослава на св. Климент во Р. Македонија, свечената академија, откривањето на споменикот на блаженоупокоениот Архиепископ г. Доситеј, доделувањето на Светиклиментовите ордени...

       

 

       


известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски