Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Предавања по веронаука (01.12.2007)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, во црквата на Рождество на Пресвета Богородица од Sterling Heights, Michigan, започна редовна настава по веронаука. На часовите присуствуваат деца од различна воздраст, но и постари луѓе кои сакаат да научат повеќе за нашата православна вера. Предавањата по веронаука се одржуваат секој петок во вечерните часови.