Плаошник (01.11.2007)

На 01. 11. 2007 година, денот кога Православната Црква го празнува споменот на свети Прохор Пчински, во плаошкиот манастир на свети великомаченик Пантелејмон и свети Климент Охридски и беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќе свештенослужители од епархијата. На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Никола Христоски, апсолвент на Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски” во Скопје.





Известува: Павел Крцоски