Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Помен за покој на душата на Тоше Проески (17.10.2007)

Денеска, 17.10.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европска г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, во соборниот храм на свети Наум Охридски во Малме (Шведска), отслужи помен за покој на душата на покојниот Тоше Проески, кој загина во тешка собраќајна несреќа во Република Хрватска.

Во недела на 21.10.2007 година во истиот храм ќе биде отслужена заупокоена Божествена Литургија.

 

 

 

 

 

 

 

               

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски