Охрид (01.10.2007)

На 30. 09 2007 година, денот кога Православната Црква го празнува споменот на светите маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов, во катедралната црква на охридските архиепискпи „Света Софија”, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и на повеќе свештенослужители од епархијата.
После Светата Литургија беше извршено осветување на новата епархиска куќа, која се наоѓа во стариот дел на градот, во близина на болничките цркви.




известува: Димче Азески, ѓакон