Посета на Бигорскиот манастир (30.09.2007)

Денес 17/30 септември, нa денот на свeтата маченичка Софија и нејзините три ќерки Вера, Надеж и Љубов, литургиската радост ја зголеми посетата на министерот за транспорт и врски на Владата на Р. Македонија, г. Миле Јанакиески, и неговиот колега од Р. Бугарија г. Петар Мутафчиев со своите шефови на Кабинети. После поклонувањето пред чудотворната икона на свети Јован Крстител, како и пред кивотот со свети мошти, игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, на гостите им ги покажа иконостасот, гостоприемната соба, како и големата трпезарија.
После кратката пауза во игуменската приемна соба, на гостите им беше презентиран текот на работите околу потпорниот ѕид, кој го финансира Владата, а кој е подготовка и темел на Источниот конак, кој треба потоа да започне да се гради.



Известува: јеромонах Доситеј