Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид ќе стане град-музеј (18.08.2007)

Наскоро во Македонија ќе биде донесен специјален закон за заштита на градот Охрид, кој се наоѓа на списокот на заштитени градови од УНЕСКО, соопшти Министерството за култура на Македонија.

Државниот секретар во Министерството за култура Елизабета Канчевска-Милевска објасни дека на овој начин многу полесно ќе се има пристап до фондовите на УНЕСКО за различни проекти од областа на заштитата.... Таа истакна дека Охрид иако долги години е под заштита на УНЕСКО досега не ги искористил фондовите со кои располагал.

Проектот за конзервација на фреските во црквата на Света Софија е готов, а ќе биде во изведба на експерти од Виена, додека средствата за проектот ќе бидат побарани од УНЕСКО. Освен законот ќе бидат разгледани и границите и зоните кои се под заштита на УНЕСКО, ќе биде утврден и начинот на управување со реонот.

 

Извор: весник „Вест“