Vesti i nastani
 
 
 
 
 

„Огнената река“, Александар Каломирос (13.08.2007)

Со благослов на Митрополиот Европски г. Пимен, во изданние на Европската епархија на Македонската Православна Црква излезе од печат книгата „Огнената река“ на авторот Александар Каломирос. Книгата е издадена по повод 40-годишнината од обновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

Подолу следи предговорот кон книгата на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен:

„Да се живее според заповедите Христови секако не значи и живеење со розеви очила или чекорење по пат послан со рози по кој безгрижно може да се чекори и без притоа да се наидува на соблазни и искушенија. Се лажеме ако христијанството го разбираме така, согласно Христовите зборови: ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат (Јован 15, 20). Христијанинот треба да го следи патот Христов, преку крст до воскресение. Сите ние што веруваме во Христа треба да веруваме и во Неговите зборови. И од чашата на страдањето, што Тој ја испи, треба и ние да пиеме. Треба да го следиме Неговиот пат со вера во живот вечен и сходно на тоа на крајот на нашнот земен живот да бидеме спремни да застанеме пред Него, како пред праведен судија, и да ја добиеме нашата трајна определба во животот вечен, односно да се настаниме во рајот или пеколот во зависност од квалитетот на нашиот живот. Но сето ова, за оние што се надвор од Црквата Божја или пак за оние кои имаат рационална вера или сѐ уште се на ропско или на наемничко духовно ииво, отвора низа прашања од типот на: Дали Бог е навистина добар; која е смислата на животот; дали Бог го создаде пеколот за да нѐ измачува во него; дали сите ние треба да го исплаќаме првородниот грев на нашите прародителн Адам и Ева...

Оваа мала книшка обидувајќи се да одговори на две прлшања зададени уште на нејзиниот почеток, одговара и на сите други погоре поставени прашања следејќи го и заклучокот дека наш непријател веќе не е атеизмот, туку искривеното Христијанско учење, кое своите искривени корени ги има на Исток од пробивог на хеленскиот паганизам, а на Запад од хуманизмот и рационализмот. „Огнената река, на црковниот писател од грчко потекло, Александар Каломирос, во основа е една беседа одржана по нокана на Американската Православна Црква пред нејзиниот верен народ. Согледувајќи ја потребата овие одговори да стигнат до што поголем број на христијани, организаторите на овој семинар одлучиле да се издаде како книшка. И ние како Епархија, сакајќи да го одбележиме 40-годишниот јубилеј од возобновувањето на древната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, пристапивме кон превод и публикување на оваа малечка, но по својата содржина, богата книшка.“