Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија (08.08.2007)

Во десеттата недела по светата Педесетница, на денот кога светата Православна Црква го празнува споменот на  светите маченици Трофим, Теофил и останатите со нив, на 5 август, надлежниот Владика на Дебарско-кичевската епархија Митрополитот г. Тимотеј отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на Успението на Пресвета Богородица во Македонски Брод, во сослужение на архимандрит Нектариј - игумен на манастирот на свети Наум Охридски, свештеник Марко Трпкоски - намесник на Бродското намесништво, свештеник Боге Богески - парох во пензија при споменатата црква, свештеник Игор Никовски и ѓакон Димче Азески од Охрид.

 

 

 

            

 

 

 

            

 

 

            

 

 

            

 

 

На Светата Литургија на која присуствуваа поголем број на верници од градот, Владиката г. Тимотеј се обрати со вдахновена беседа - тематски говорејќи за поуките од неделното прочитано Евангелие.

По завршувањето на Светата Литургија Владиката и свештенослужителите се упатија во црковниот двор каде што пристапија кон осветување на парохиската зграда и на крстилницата, која се наоѓа во составот на зградата.

Почетокот на градењето на оваа црковната зграда е во 2000 година, на местото на поранешната, и во нејзин состав се наоѓа крстилница (која интезивно се градеше од 2006 година), свештеничка канцеларија и мала кујна со трпезарија.

Веднаш по завршувањето на осветувањето парохиските свештеници ја извршија и првата крштевка во истата.

 

Известува: о. Игор Никовски