Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување во Пелинце (02.08.2007)

На чествувањето во Пелинце присуствуваа претседателот на Р. Македонија г. Бранко Црвенковски, претставници на Владата, на Собранието, претставници од Македонската Православна Црква: Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил и Митрополитот Струмички г. Наум, претставници на Армијата на Република Македонија, на дипломатскиот кор во земјава и борци од НОБ и дел од учесниците на историското заседание на АСНОМ.

      

Илинден, 2 Август, е најголемиот празник на Македонија и на сите Македонци ширум светот. Ден за средба со историјата и поглед кон иднината. Ден кога поклонувајќи се пред духовните вредности создадени низ пожртвуваноста на Илинденската епопеја од пред еден век ќе побараме одговор во кои вредности ќе веруваме, кон кои цели ќе се стремиме во векот што надоаѓа“, истакна денеска во Пелинце  претседателот Бранко Црвенковски во своето обраќање по повод одбележувањето на 104-годишнината од Илинденското востание и Крушевската република и 63-годишнината од првото заседание на АСНОМ. 

Црвенковски рече дека Илинден е ден кога искажувајќи ја почитта кон темелот на современата македонска држава - АСНОМ, ќе треба да се одговори не дали туку каква Македонија ќе имаме, и што треба да направиме за да биде подобра, посилна, поуспешна.