Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Манастир на св. Никола, Љубанци (скопско) (01.08.2007)

На 31. 07. 2007 година во конакот на манастирот на Св. Никола, с. Љубанци (скопско), под раководство на Митрополитот Европски г. Пимен, извршниот орган на Европската епархија, односно епархискиот Управен одбор (кој според статутот е задолжен за материјално-финансиско работење на епархијата), одржа редовен состанок во речиси полн состав. Поради тековните обврски беше отсутен само претставникот на манастирите, отец Теофил. На состанокот присуствуваше и директорот на Агенцијата за иселеништво при Влада на Република Македонија, г-дин Васил Наумов.

Европската епархија во своите тековни активности ја вклучи и издавачката дејност. Со издавањето на книгата „Огнена река“, која ќе се дистрибуира низ сите црковни општини, започна и издавачката дејност на Европската епархија. На ниво на епархијата се издаде и православно календарче за 2008 година. Пред, а и по завршувањето на седницата, Владиката Пимен заедно со членовите на епархискиот Управен одбор го отпејаа тропарот на св. Никола.

 

 

     

 

 

 

     

 

Извор: Преминпортал