Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на темели за нова камбанарија при манастирот Св. Спас - Горни, во село Вевчани (01.08.2007)

На 31.

На 31. 07. 2007 година, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, се изврши осветување и поставување на камен-темелник за нова камбанарија при манастирот “Св. Спас - Горни” во село Вевчани. Манастирот се наоѓа високо во планината, во предел богат со вода и убава природа. Тој бдее над селото и според кажувањето на жителите на селото е нивен заштитник. Во тек се активности за реализирање на предвидениот план за негово целосно обновување: се преземаат мерки за заштита на манастирската црква, се гради нов конак а сега се почна и со градбата на новата камбанарија.

Чинот на осветувањето го извршија парохискиот свештеник Зоран Попоски, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, охридски архијерејски намесник, протојереј Темелко Донески, протојереј Митре Попоски, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓакон Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија. Ктитор на камабанаријата е г-дин Зоран Шекуткоски со фамилијата од село Вевчани.

На осветувањето беа присутни и многубројни жители на селото Вевчани, кои овој чин го збогатија со убава вевчанска културно-уметничка програма.

 

                                              

 

 

                    

 

     

 

                                             

 

 

 

                                                                          

 

известува: ѓакон Димче Азески