Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на камен-темелник за нова црква во с. Долно Коњско - охридско (25.07.2007)

На 21. 07 2007 година, кога Православната Црква го празнува споменот на светиот великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил Мироточив, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Охридскиот архијерејски намесник протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, во сослужение на парохискиот свештеник Атанас Казанџиски, секретарот на Дебарско-кичевската епархија, свештеник Игор Никовски и ѓаконот Димче Азески, референт на Дебарско-кичевската епархија, изврши осветување на камен-темелник за нова црква во селото Долно Коњско - охридско.

 

 

           

 

 

 

                                

           

Црквата е посветена на светата великомаченичка Недела.

На чинот на осветувањето беа присутни голем број на верници од селото Долно Коњско  и околните села и градот Охрид, меѓу кои беше и градоначалникот на Охрид, г-дин Александар Петрески со претставници од Општината, како и многу туристи, кои својот одмор го поминуваат во околните хотели и одморалишта.

 

известува: ѓакон Димче Азески - Охрид