Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Духовни поглавја (21.07.2007)

 

Служењето на ближниот има спасителна сила, бескрајно поголема од која било богословска теорија!

 

Како можеме да Го познаеме Бога, Каков што Он Е? Христос ни го покажува патот поттикнувајќи нè да останеме во светост, за да не го повредиме ближниот, да ги претпочитаме другите повеќе отколку себеси, да не се стремиме да владееме над нив.

 

Должни сме да умреме за самите себе си, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот!

 

Старец Софрониј