Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието на Повардарската епархија „Православна Светлина“ (07.07.2007)

 

Во пресрет на големите православни христијански празници, посветени на Светите апостоли Петар и Павле, Повардарската епархија за верниците го подготви и го издаде вториот број од списанието „Православна Светлина“, во кое се содржани теми од православната вера, култура и образование. Новиот број на „Православна Светлина“  содржи 44 страни, во кои се обработени вкупно  18 теми. Примерокот е бесплатен, а може да се најде во седиштата на Архиерејските намесништва на Повардарската епархија во градовите: Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија.

Информации за Повардаската епархија на Македонската Православна Црква од неодамна се достапни на интернет страницата: http://povardarska-eparhija.org.mk

(во случај на проблем со фонтот на страната кликнете на десен клик и одберете Encoding, а потоа Unicode)