Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на свети Атанасиј Велики (16.05.2007)

На денот на празнувањето на свети Атанасиј Александриски и светите руски маченици Борис и Глеб, Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј отслужи Божествена Литургија во манастирот на св. Атанасиј, метох на Светинаумовиот манастир, кој се наоѓа во неговата близина, во атарот на с. Љубаништа.

На Светата Литургија учество зедоа архимандрит Нектариј, свештеник Димче Ѓоршиески, свештеник Игор Никовски и ѓаконот Димче Азески.

По завршувањето на Светата Литургија, Владиката изврши и Мал водосвет и го благослови и прекрши празничниот леб во чест на свети Атанасиј, а потоа изврши и кратка обиколка на манастирот на св. Наум Охридски.

 

 

          

 

 

 

          

 

известува: о. Игор Никовски