Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид (26.03.2007)

Последниот петок од петтата седмица на светата Четириесетница, во попладневните часови, во црквите од Дебарско-кичевската епархија се отслужува последниот Акатист на Пресвета Богородица.

Оваа година Владиката г. Тимотеј богослужеше во црквата на Пресвета Богородица – Каменско во Охрид, при што беше отслужен целиот Акатист на Пресвета Бгорородица, како и канонот, според цариградскиот типик.

Во црквата беа присутни голем број на верници, кои се пеење на: Пресвета Богородице спаси нè, и: Алилуја, учествуваа во богослужението.

 

                      

 

На крајот од службата Владиката г. Тимотеј кон верниците се обрати и со поучно слово, во кое рече:

„...Вечерва слушнавме многу величанија, кои започнуваат: „Радувај се Невесто неневесна“, „радувај се“, „радувај се“, многу пати ѝ отпеавме на Мајката Божја. Во тие зборови боговдахновениот поет ја изразил длабоката догматска и морална вистина на нашата православна вера. Тоа не се само поетски изрази, туку и поетски виденија, во кои се созерцува вистината на верата и на доброто. Земете каков сакате пример во тие поетски виденија и насладете се на верската убавина и благочестивата мудрост...

 

 

                                     

 

Света Дева беше избрана од Бога за најголемото дело на љубовта кон луѓето – да стане Мајка на Божјиот Син, Спасителот на светот. Таа беше предвесничка на спасението, затоа поетот ја нарекува зрак на духовното Сонце, Негова ѕвезда што Го најавува....

Кога ја величаме Божјата Мајка сè повеќе да се смируваме и да се каеме, таа да ни биде брзо-послужна застапница, за да ја примиме нејзината закрила и да нè води по патот богоугоден, а за спасение и кон радоста на Христовото воскресение, а преку него и на нашето воскресение.“

 

                                                                                                                                известува: свештеник Игор Никовски